Правила

 

„Игра со прогнозирања“ на Soccerfame, како и сите други услуги во сајтот се целосно бесплатни и ќе бидат целосно бесплатни засекогаш!

1. Што треба да знаеме пред да започнеме?

- Во играта може да се прогнозираат фудбалски натпревари и резултати.

- Секој корисник започнува со 200 точки. Важно е да знаете дека на почетокот на секој месец, вашите точки ќе бидат израмнети на 200 и играта започнува од почеток.

- На крајот на секој месец, пет корисници кои имаат најмногу точки во „Игра со прогнозирања“ си делат 350 евра парична награда.

- Може да прогнозирате најмногу до 20 натпревари на ден, така што за секој натпревар може да направите само по една прогноза.

- Кога ќе направите прогноза за одреден натпревар, вашите точки ќе претрпат одредена промена, во зависност од тоа со колку точки сте прогнозирале одреден натпревар. Максималниот број точки со кој можете да прогнозирате е 10, додека минималниот е 1.

- Доколку сакате да ја смените вашата прогноза, тоа можете да го направите од вашиот профил преку полето “Моите прогнозирања“. Прогнозирањата се однесуваат само за регуларно време на игра (90 минути). Понекогаш, можно е резултатот на натпреварот да не се појави веднаш по неговото завршување, туку по неколку часа.

- Доколку некој натпревар биде одложен или има измени во часот на одигрување, администраторите на Soccerfame го задржуваат правото да го извадат натпреварот од „Игра со прогнозирања“. Во таков случај, вие ќе добиете порака со која ве известуваме дека натпреварот е изваден од нашата програма и точките со кои сте го прогнозирале натпреварот ви се враќаат назад.

- Коефициентите на натпреварите се одредени од екипата на Soccerfame и се слични со оние на букмејкерските куќи од целиот свет. Откако ќе се појават на сајтот, тие остануваат константни.

- Освен прогнозирање натпревари, еднаш месечно вие ќе имате можност да освоите 100 точки, извршувајќи интересни задачи кои се подготвени од страна на администраторите на сајтот. Повеќе информации можете да најдете во менито "Освојте 100 точки".

2. Начини на прогнозирање

- Влезете во нашата секција Игра со прогнозирања, од основната навигација во сајтот. Од менито “Направете прогноза“, вие имате пристап до натпреварите кои се со коефиценти и се вклучени во нашата програма за прогнозирање. Натпреварите се распоредени по денови и првенства, додека за соодветниот ден (датум) или првенство, можете да го видите во загради и бројот на натпреварите за кои можете да прогнозирате. Откако ќе го изберете денот или првенството, пред вас ќе се појават селектирани натпреварите со коефиценти, кои се распоредени по час на одигрување. Исто така, располагате и со дропдаун со кој можете да ги распоредувате натреварите во зависност од коефицентите кои се предложени.

- Откако веќе сте застанале на натпреварите за одреден датум или првенство, треба да одберете одреден натпревар. Можностите се стандардни – 1, Х, 2 (соодветно на тоа - победа за домаќините, нерешено или победа за гостите), додека изборот се врши со самото ваше кликање на соодветниот коефицент на натпреварот. Следниот чекор е да одберете точен резултат со кој според вас би завршил натпреварот. На крај, треба да одлучите со колку точки ќе го прогнозирате натпреварот што сте го избрале. Максималниот број точки кои можете да ги заложите е 10, додека минималниот е 1. Кога веќе сте целосно готови со вашата претпоставка, притиснете го копчето „Bet”.

3. Како се пресметуваат точките од некој натпревар?

Доколку вашата прогноза за натпреварот била точна, вие ќе добиете одреден број точки. Тие се пресметуваат на следниот начин:

3.1. Погоден натпревар – ги освојувате точките со кои сте го прогнозирале натпреварот, помножени со коефицентот со кој сте погодиле

Кога ќе го погодите натпреварот, вашиот профит се формира на основа на точките со кои сте го прогнозирале натпреварот, помножен со коефициентот со кој сте погодиле.

Пример: Арсенал – Манчестер Јунајтед – 2:1, коефицент: 2,75 за Арсенал.
Доколку сте го прогнозирале натпреварот со 10 точки за победа на Арсенал, вие ќе освоите 2,75 х 10 = 27,5 точки.

3.2. Погоден резултат со вкупен број голови ПОД 3,5 – БОНУС 10 точки

Кога ќе го погодите точниот резултат на натпреварот и општиот број голови е ПОД 3,5, вие ќе го додадете кон веќе освоените точки и бројот на точките со кои сте го прогнозирале соодветниот натпревар.

Пример: Арсенал – Манчестер Јунајтед – 2:1, коефицент: 2,75 за Арсенал.
Доколку сте го прогнозирале натпреварот со 10 точки за победа на Арсенал, вие ќе освоите 2,75 х 10 = 27,5 точки. Доколку сте го погодиле и точниот резултат на натпреварот, вие добивате и БОНУС од 10 точки, бидејќи општиот број голови е под 3,5.

3.3. Погоден точен резултат со општ број голови НАД 3,5 – БОНУС 20 точки

Кога ќе го погодите точниот резултат на натпреварот и општиот број голови е НАД 3,5, вие ќе го додадете кон веќе освоените точки и бројот на точките со кои сте го прогнозирале соодветниот натпревар, помножен со 2.

Пример: Арсенал – Манчестер Јунајтед – 2:1, коефицент: 2,75 за Арсенал.
Доколку сте го прогнозирале натпреварот со 10 точки за победа на Арсенал, вие ќе освоите 2,75 х 10 = 27,5 точки. Доколку сте го погодиле и точниот резултат на натпреварот, вие добивате и БОНУС од 20 точки, бидејќи општиот број голови е над 3,5.

3.4. Грешно прогнозиран натпревар

Кога ќе направите прогноза за одреден натпревар, вашите точки ќе претрпат промена и ќе се намалат во зависност од тоа со колу точки сте го прогнозирале натпреварот. Доколку не сте го погодиле натпреварот, тоа ќе се одрази во вашиот профил со прогнозирања, при што ќе можете да видите колку точки сте изгубиле од погрешното прогнозирање.

4. Правила при регистрирање

- Вие немате право да учествувате во Игра со прогнозирања на Soccerfame со повеќе од една регистрација.

- Потребно е да доставите точни лични податоци во вашиот профил.

- Soccerfame го задржува правото да ги брише сметките на оние корисници кои играат со неколку профили, а исто така и на корисниците за кои soccerfame.com по сопствено мислење, смета дека играат нечесно, неправилно, навредуваат други корисници или испраќаат спам пораки.

5. Награди

- Вкупниот награден фонд во Soccerfame е 350 евра, додека за начинот на распределување можете да научите повеќе во менито „Награди“.

6. Добитници

6.1. Секој корисник кој ќе добие парична награда, може по сопствена желба да испрати коментар за Игра со прогнозирања, при што ќе ги напише своите импресии од играта.

6.2. Наградите во Игра со прогнозирања се обезбедуваат од страна на Soccerfame Ltd. и им се исплаќаат на добитниците преку Paypal или Moneybookers или преку банка.

6.3 Секој добитник во нашата Игра со прогнозирања сноси лична одговорност според Законодавството на неговата земја, доколку не ја декларира наградата која ја примил од страна на Soccerfame Ltd.


Како да ја земете вашата награда? »