Општи услови

 
Услови за користење

Добродојдовте во soccerfame.com. Со самото користење на soccerfame.com. (понатаму “soccerfame“, “ние“, “нас“, “нашите“) вие се согласувате да ги почитувате следните правила кои се поставени од наша страна и се објаснети подолу.

Сите услуги во Soccerfame се целосно бесплатни и ќе бидат целосно бесплатни засекогаш.

1. За корисниците на soccerfame.com

За корисник на сајтот се смета секое физичко лице кое го пополнило формуларот за регистрација.

1.1 Секое физичко лице има право да се регистрира само еднаш.

1.2. При воведување на неточни податоци или по наша проценка, пристапот на корисникот може му да биде ограничен или прекинат, без претходно известување до корисникот.

1.3. Доколку корисникот не се регистрира, истиот ќе биде сметан за гостин на soccerfame.com и нема да има пристап до сите перформанси на сајтот. Целосниот пристап до сајтот се доставува откако доброволно ќе биде направена регистрацијата.

1.4 Корисникот е должен да не врши дејности кои го нарушуваат авторитетот на soccerfame.com, поврзани со објавување на информации пред трети лица, независно дали тие се веродостојни или не.

1.5 Корисникот нема право да врши незаконски дејства против сајтот, кои ги загрозуваат дејноста и безбедноста на самиот сајт.

1.6 Вие сте должни да не користите никаков вид јазик кој е груб, неприличен, вулгарен, предизвикува омраза, заплашува, сексуално ориентиран или друг јазик кој го нарушува моралот и кој се коси со актуелните закони. Во спротивен случај, екипата на soccerfame го задржува правото да го ограничи или да го избрише корисникот.

2. Заштита на личните податоци

Soccerfame го почитува правото за заштита на личните податоци на секој корисник.

2.1 При регистрација во soccerfame, потребна е лична информација за корисникот, која ќе биде користена само од страна на soccerfame и нема да биде доставувана на трети лица без знаење на Корисникот.

2.2 Личните информации ќе бидат користени од наша страна само со цел за подобрување на работата, управувањето и развојот на сајтот, како и за маркетинг, реклами и промоционални цели. Во случај на несогласување, Корисникот е должен писмено да го извести администраторот на сајтот, на некој од наведенети е-мајли.

2.3 Екипата на soccerfame.com не сноси никаква одговорност во случај на хакерски напади кои можат да доведат до разоткривање на вашите податоци.

2.4 Откако ќе се регистрирате како корисник на сајтот, вие се согласувате да добивате е-мајли (месечно по неколку), со што имаме за намера да бидете информирани во врска со важни настани вo soccerfame. Доколку пак, не сакате да добивате е-мајл пораки од наша страна, тоа можете да го направите од вашите подесувања.

2.5 Ние го изработивме овој веб сајт за корисници од сите возрасти. Сепак, некои од содржините на продуктот можат да бидат несоодветни за малолетните лица, при што одговорноста за таквите корисници преминува на родителот или старателот на лицето.

3. За soccerfame.com

3.1. Ѕoccerfame.com е сајт кој нуди пристап до игра со фудбалски прогнозирања, која е со забавна и образовна цел. Секој корисник се регистрира бесплатно и може да прогнозира претстојни фудбалски натпревари, при што врз нивна база собира виртуелни точки.

3.2 Сајтот soccerfame им се нуди на своите корисници “во видот во кој што е“ и не сноси никаква одговорност во однос на сигурноста на неговото функционирање, условите за пристап до сајтот, обезбедувањето помош, како и други параметри.

3.3 Доставувањето на оваа услуга од страна на soccerfame нема за цел да ги поттикнува корисниците кон вложувања или други хазардни дејства. Ние не сносиме никаква одговорност за материјални или било какви други загуби, настанати како последица од користењето на сајтот.

3.4 Ѕoccerfame не сноси никаква одговорност или обештетување доколку корисничкото име и шифрата за пристап се користат незаконски од друго лице.

3.5 Ѕoccerfame има право да прикажува, испраќа, полни, исполнува, експонира и т.н. секакви рекламни материјали на своите корисници. Во однос на содржината на сите реклами, како и заштитните трговски марки на кои се однесуваат, одговорност сносат само рекламирачите.

3.6 Ѕoccerfamе го задржува правото по сопствена проценка да ги замрзнува или да ги брише сметките на учесниците во Играта со прогнозирања.

3.7 Видео материјалите кои се користени во soccerfame се доставени од различни извори и не се сопственост на Soccerfame Ltd. Одговорноста за нивното распространување не се сноси од страна на ѕoccerfame.

3.8 Логото на секоја екипа кое се користи во Soccerfame не е сопственост на сајтот туку на самата екипа. Нивното користење е со цел, подобро и престижно претставување на самите екипи на меѓународната сцена пред сите нивни обожаватели. Доколку има некое несогласување, ве молиме да нè известите писмено на некоја од нашите е-мајл адреси.

3.9 Сите текстови и технологии кои се користени во сајтот се сопственост на Soccerfame Ltd. и
нивното копирање е строго забрането.
 

Календар